Лисабон, Португалија
Лисабон е португалски главен град, распослан на седум ридови, кој плени со калдрмисаните улици на угорнини, со разнобојните градби, со сините плочки кои ги красат фасадите на куќите, со жолтите трамваи, кои се забележуваат во секој дел, дури и на највисокиот, како и преку висечкиот мост на реката Тежо. Познат е како европски Сан Франциско, заради тоа што на секој чекор, под секоја настрешница се сместени бездомници, најмногу од било кој европски град.

Португалците се љубезен и гостопримлив народ. Го поделиле градот на неколку квартови, баирос, без јасно дефинирани граници.
И на променливо време, со облаци, сонце и температура околу 10 степени, доживување е на португалската многувековна престолнина. Пеш најдобро се гледа. Бајша е долен дел, изградена по разорниот земјотрес во 18 век, Таму се плоштадот Росио, односно на Кралот Педро четврти. Широк, од едната страна обиколен со националниот театар, куќи и кафулиња. Се издига споменикот на кралот Педро, украсен со фигури кои претставуваат правда, мудрост, сила, умереност. Од двете страни има барокни фонтани… По главната пешачка зона се стигнува до плоштадот Комерсио. Тој е најфотографиран, оти е покрај реката. Пред земјотресот тука била кралската палата. Правоаголен плоштад е заобиколен со жолти градби, над кои доминира Триумфалната порта, со претстави на историски личности, како Васко де Гама, маркизот од Помбал, различни фигури… Во продолжение е плоштадот Фигуеира, познат по градби на четири ката, со коњичката статуа на кралот Жоао. Тој е важен сообраќаен јазол за врска на сите делови на градот. Блиску е Рестаурадорес. На највисокиот дел се стигнува и со жичница, која спасува од напорно искачување. Таму се познатите видиковци.

Иако возењето со лифтот Санта Жуста треба да е најбрз начин, пракса не е таква. Многути туристи го отежнуваат “висечкиот сообраќај”. Затоа се доцни до задивувачката панорама на врвот, каде градот се гледа како на дланка. Од другата една од најстарите и најинтересни објекти меѓу замокот – тврдината и реката. Тоа е локација за воодушевување со прошетката низ тесните улички.
Градот го менувал ликот со годините. Бил тврдина каде живееле португалските кралеви. Тму е лисабонската катедрала, некогашна џамија од 12 век, од времето на Маврите. Катедралата повеќе личи на тврдина отколку на црква.
Трамваите се привлечни не само по бојата. Со бројот 28 се стигнува до националниот Пантеон, споменик од 17 век. Тоа е некропола на познати Португалци.

Квартот Белем е еден од најпосетуваните, заради бројните монументални знаменитости, изградени по процутот на Португалија, во време на откритијата. Кулата Белем од 16 век имала одбранбена улога и станала симбол на португалската престолнина. Споменикот на откритијата ги слави морските достигнувања, 33 -те најважни истражувачи, картографи, научници, мисионери, уметници и кралеви. Од врвот има преубав поглед на атракциите, на црвениот мост. Патеката од шеталиштето води до малото пристаниште. Блиску е манастирот Жеронимос. Тој е најубавата градба во Лисабон, симбол на моќта и богатството. Се кренал во чест на успехот на Васко де Гама, на местото каде истражувачот се молел со другите членови на експедицијата пред заминувањето на патот што ја променил европската историја. Тука е гробот на Васко де Гема, но и на поетот Луис, автор на епот Лузијада, во кој се опева пронаоѓањето на патот до Индија. Грандиозната градбата плени на секој чекор со разновидните архитектонски форми. Тука се и Националниот музеј на кочии и Палатата на претседателот…
Во близина се полно кафетерии и ресорани каде мжое да се вкуси пасатата белем ната, вкусен колач, по рецеп на монасите од манастирот во 19 век.
Трамвајот враќа на плоштадот Комерсио. Прошетката упатува на улицата Пинк, што некогаш се нарекувала црвени фенери. Се собирале морнарите и ситни криминалци, а сега е популарно место за забава со ресторани и кафулиња. Блиску е шеталиштето покрај реката.
Градот е лесен за транспорт со добро организираниот јавен превоз, метро, автобус, трамвај, воз, жичници, траекти. Цените се пристапни. И храната не е скапа. Колку за илустрација мое да се добие доручек за 3-5 евра, а ручек и вечера за по 10. Плус е жин – жин, португалскиот ликер од вишни засладен со цимет.
Текст и фото Каролина Мицевска