Четири меча за публиката

Куп и плејоф

Вкупно 4 меча се одиграа на Градскиот стадион “Гоце Делчев”. Имаше многу публика. Во Купот, за ОФС Прилеп, второлигашот Победа со 3:0 ја совлада Стрела (Ерековци), член на Општинската лига. Се очекуваше многу повисок резултат, но аутсајдерот даде достоен отпор. Првиот гол го прими дури пред крајот на првото полувреме. Стрелци: Марио Тасески во 41., Давор Богевски во 47. и Андреј Петрески во 87. минута. Победа е претставник на ОФС Прилеп во натамошната фаза.

 Во бараж-финалето за победник во Општинската лига на ОФС Прилеп, екипата Кадица (Забрчани) со 2:0 го совлада Млекар (Мало Коњари). Стрелци: Дарко Аврамоски во 7. и Рубинчо Велески во 70. минута. Победникот има право да учествува во Третата лига – Југ.

Претходно Кадица беше подобра со 2:0 од Кадино, а Млекар со 5:4 на пенали (0:0) го елиминира Гарван (Десово).

Loading