Изложба на фотографии
Изложбата на фотографии “75 за 75” ќе се одбележи 75 години од формирањето на театарот “Војдан Чернодрински”. Ќе се отвори в четврток, од 19.30 часот во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”. Ќе бидат поставени 75 фотографии од претстави, преку кои ќе се отслика опстојот, растежот и развојот низ годините, во кои се прикажале над 350 премиери, се одиграле повеќе од 7000 претстави, гледани од 1,7 милиони луѓе.
– Низ внимателно одбрани фотографии ќе се презентираат моменти од наградувани претстави, претстави кои оставиле белег во историјата на театарот, од претстави кои биле најдолго на репертоарот и биле најгледани – вели авторот м-р Каролина Мицевска, советник за односи со јавноста во ЦК “Марко Цепенков”.
![]()

