Совладан лидерот

Ракомет

Во последниот меч на плејаутот од Женската лига, Деспина – Спартак 32:31. Прилепскиот тим дома го совлада досегашниот лидер на табелата. На табелата Пелистер и Спартак се со по 18 бода, пред Деспина со 16, МРК Ѓорче Петров со 14, Овче Поле со 12, Стружанка со 9 и Шампион без бод.

Во плејаутот од Супер лигата за мажи, Пролет – Прилеп 23:21. Прилепскиот тим доживеа пораз иако имаше водство и до 5 гола разлика. На табелата Пролет има 13, Прилеп и Куманово по 11, Радовиш и Струга по 6, Борец 2 бода.

На 1 јуни Прилеп е гостин во Радовиш.

Loading