Џудо
Во Скопје се одржа Меѓународен џудо турнир “Скопје опен 2025” во организација на Џудо клубот Ипон. Настапија клубови од 8 држави (Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Молдавија, Грција, Албанија и Македонија) со околу 250 натпреварувачи. Прилепскиот клуб Сеишин се претстави со 22 натпреварувачи при што се освоени 15 медали (3 златни, 3 сребрени и 9 бронзени). Златните медали се дело на постарата пионерка Софија Ѓорѓиоска и кадетките Тамара Илиоска и Теодора Илиоска.
Тренери се Мартин Ристески и Дејан Мицкоски.
![]()

