Први места за Костоски и Лозаноски

Велосипедизам

Се случи првото издание на Велосипедската трка “Трофеј на Прилеп”, организирана од Велосипедскиот клуб Херој и Велосипедската федерација на Македонија, со поддршка на Општина Прилеп. Беше кружна трка низ центарот на градот, во повеќе категории, со учество на велосипедисти од Македонија. Домашниот клуб се покажа и на патеката. Во категоријата јуниори победи Константин Костоски, а во групата мастерс триумфира Влатко Лозаноски.

Викендов се настапи во Скопје и во Романија.

Loading