ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (289) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Наредниот ден утрото во неделата сите вечерни, како и селските законџи, нункото Ристески Степан Мурџески, малиот девер Атанасоски Алексиев Гога Ѓорѓија сега Џорџ марулци фамилијарно беа присутни на доручекот. Мајка му на Гога Алексојца Спасија на Крсте му е внука од прва брачеда по родот Јанкоски.

Само што седна вечерните гости, нункото, малото деверче и свирачите за доручек, појадок во дворот дојде запрежна којњска кола од Ѓекоски Пецо од с. Путурус со девет гости свадбари. Пецо таткото и очув, маштеата Менка и мајка со две деца од првиот брак, Нада и Гоце, на Пецо му се од првиот брак со Јанкоска Алтана, внука од брат на Крсте, умре млада. Маштејата Менка донесе две деца од првиот нејзин брак од с. Вешерејца, Спиранка и Верка, Пецо и Менка во нивниот брак родија три деца Лила, Доста и Босилка. Каснењето било во тоа што децата одат на училиште.

Истата прилика со појадокот е опфати и фамилијата од Пецо и Менка Ѓекоски. После завршетакот на прочуените боротински свирачи, браќата Васил и Тоде тапанџијата без поранешниот нивни член Целе од с. Обршани. Овија два свирачи Васил и Тоде одседна за мал одмор од долгото патување кај нивната брачеда боротинчанка, нивна роднина Илинка Јанческа, мажена за Дојчиноски Јолески Благоја, прв брачед на младоженецот Трајче од сестра и брат. Свирачите за распознавање со домаќините Крстевци за преноќевање беа вратени кај Благоја и Благојојца Илинка Јолески.

Скоро во истото време како Црничаните дојде и старосватот Методија Мамалига од с. Мојно со својата сопруга старосватицата Методица Петкана родена Дамјаноска во Марул. Со нив дојде и нивниот син Томе. Методија на Крстејца и е внук од брат. Чезата од Методија е презеде за престо до свадбениот крај Здравески Атанас Чонески, стрико на Методија, на татко му Трајан прв брачед од тета Чона. Додека се видиш, дојде и големиот девер Здравески Гоце Сољо од с. Штавица со неговата сопруга старосватицата Трајана родена Неданоска Делоска во с. Штавица. Гоце му припаѓа на Крсте Јанкоски внук од присестра, не крвно родство. Првата жена на Здравески Крсте Сољо му е Јанкоска Вида која му оставила едно дете Трајан. По умирањето на Вида, Крсте се преженува за втора жена со која има две деца, Васил и Гоце. Поради таква ближност Гоце е поставен за голем девер при венчавката на Трајче со Павлеска Верка. Со тоа заврши на доваѓање на законџи.

Дојдоја внуките од Крсте. Драгана од брато Богдан, мажена за Бозгески Драган во с. Штавица и внуката Кетерина од сестра му Доста, мажена за Милан Џелино во с. Штавица.

Од с. Чмумово дојде Маркоски Петре викан Големиот со својата ќерка Спасија, чедо на покојната си мајка прва брачеда на Дуна Крстејца од сестра Митра и брато Ристе Мамалига.

Од Бонче од Јанкуловци дојдоја мајката Добра со синот Трајан, сната Мара и синчето Менде. Методија, Добра и Крстејца се први брачеди од сестра и брат Мамалига Ристе од с. Мојно. Јанкулица Добра е искористува приликата да си е види родената и мајка Митра, некогаш била Толеска Божиница Митра во с. Чумово, сега е Мојсоска Крстејца Митра во с. Марул.

Од Подмол дојдоја четворица Кржески Толеви синови Ванѓел, Богоја, Благоја, нивната мајка Пауна Чонеска од Марул и Крстејца Дуна со Добра се деца од сестрите Чона, Митра и Ристе Мамалигоски од Мојно. Тука ќе го внесиме и братот на Пауна, Атанас Чонев по мајка му презимето му е Здравески Стојанов Атанас Вепрчанецот. Трпезите полни со гости како машката, исто така и женската трпеза наредени со тањири и вилушки пред секого поставени салати, пресна зелка помешана со марули внатре, оцтет – киселина, масло исто така во посебни чинии поредени со бело овчко сирење, за напивка вино, ракија, а на женската трпеза поред ракија имаше лесно благо женско вино шира.

Дворот заедно со гумното исполнето од гости и серџи, со доручекот тропна тапанот од боротинците во дворот Крстески се разви весело ситно оро предводено од младоженецот Трајче и до него неговата невеста Верка.

Во истото време додека се играше првото оро во дворот влегоја две запрежни коли коњски со гости свадбари. Едната запрежна кола беше со гостите свадбари од Секуловци од с. Ношпал. Дедо на Мите и Велика, пет члена. Пандо, неговата сопруга, име непознато, Бало, Трајан, Зора. Мајката на свадбариве му е внука од брат на Крсте Јанкоски.

Втората група гости свадбари со запрежната коњска кола беа Узуните од с. Ерековци доселени од с. Бонче. Алексо со неговата жена, Тренчо со неговата жена, Благоја со неговата жена и нивното братче ергенче Ристе. Жената од Благоја по име Павлина и е сестра на големата деверица Трајана. Узуните на Крсте му се внуци од прва брачеда, внука од сестра на Крстевиот татко Ѓорче.

Меѓу свадбарите беше видена Љуба со едно дете, ќерка на Стојанка Јанкоска, сестра на Крсте мажена во Првата светска војна иселени во Варош, мажена за Здравески Здраве од с. Лопатица, прилепско останале вечно да живеат во Варош.

Дојде и Трајан Сољо со жената му Таса Новаческа марулчанка со едно од децата Душан. Трајан на Крсте му е внук од сестра од покојната Вида. Исто така, од с. Лопатица дојдоја Анѓа и Николе, внуци од сестра на Крсте од покојната Ванка, се мисли на прилепско Лопатица, многу гости свадбари, имаше ергенчиња и од соседните села. Музиката трешти, се редат оро за оро, едно за друго.

Од соседните села беа познати ергени, овде ќе ги забележиме тие што ги познаваме: Бошески Веле Писокалецо, Толески Петре Мрњаро, Јоноски Ладе учитело голем другар на Павлески Коле. Од Штавица беа Јолески Борис, Неданоски Јове Делоски, Ристески Борис Чурлино, Трајкоски Младен Чкуроски, Џелино Богдан. Од Лопатица беа браќата Димко и Иван Декароски, од Подмол беа Игне и Јован Кочоски Сиџимоски, Филипоски Томе од Орленците, Прцески Кристо Јанкоски роднина.

Во веселбата се присутни и младите марулски ергени: Бошески Трајче, Колески Благоја, Мурџески Богоја Шнајдеро, Павлески Коле Коларот , Мурџески Нацко и Петре, веселиот и дарбосан ораџија и песнаџија, терзијата Раде Бабјак кој оро и песна не напушта. Василоски Китан Радев, прв брачед од тетка на татко му сестра, Јанкоски Атанас, Колески Цветан, Ристески Методија, Ристески Спасе Танески, Здравески Симон Чонески, Митрески Коста, Мурџески Дамјаноски Благоја.

Тука се марулските девојки ораџици и ороводци Најденка золвата, Бојана, Стева Јанкоски, Анѓелеска Илина Најдоска по мајка е Дуна Јанкоска, Тошеска Јолеска Ракида по мајка е Доста Јанкоска. Велјаноска Донка, Јованоска Верка, Василоска Лоринка. Танески девојки Стојчески Ѓурѓа, Драгица, Милица, Нада, Танески Ристески, Алтана, Горица, Грозда, Коца, Милица, Спасија, Стева, Колеска Дуна, Павлески Горица, Менка, Спасија, Петреска Алтана Мурџеска, Петреска Петкана Бабјакоска. Дамјаноските девојки Слободанка и Славка, сестри поради баба му Дамјаница Ристана, умре на Велигден, беа само сеирџи, не навлегоја за играње.

На свадбата од Трајче присутен беше и Тошески Божин. Веле Јолески со сопругата Марија и децата, прв брачед на Трајче од мајка Доста, сестра на Крсте, живее во Прилеп кој ретко доваѓа во родниот крај. Веле уште во 1940 година на десет годишна возраст бил пратен момоче во Варош кај тетка му Стојанка, сестра на мајка му Доста да му ги паси кравите и другата стока. Со времето растел и се воспитувал на тоа поднебје како да го заборави родниот крај и Марул.     

Продолжува    

Loading