НАБАВКА НА НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО

Ново противпожарно возило ќе добие територијалната противпожарна единица – ТППЕ Прилеп. По повод 20 мај, Денот на пожарникарството, градоначалникот Борче Јовчески ги посети пожарникарите и разговараше за нивната работа, предизвиците и потребите со кои секојдневно се соочуваат во служба на граѓаните. Изрази огромна благодарност и почит до сите пожарникари за пожртвуваноста, храброста и професионалноста.

– Најавуваме потпишување на договор за набавка на ново противпожарно возило. Тоа е клучна инвестиција за зголемување на капацитетите за брза и безбедна интервенција. Средствата се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа во вредност од 8,5 милиони денари. Општината учествува со 3,5 милиони денари. Во тек е редовна постапка за набавка на нова заштитна опрема за пожарникарите, бидејќи заедничка одговорност и приоритет е безбедноста, подготвеноста и опременоста. Понатаму ќе вложуваме во подобрување на условите на противпожарната единица, во опрема, возила, обука и повисоки стандарди за оваа благородна служба – рече градоначалникот Борче Јовчески.

Учениците од ОУ „Кочо Рацин” изведоа пригодна програма. Благодарност до пожарникариет изразија и најмалите од градинката Тризла.

Loading