Манта на Конгресот на ФИФА

Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија присуствуваше на 75. ФИФА конгрес во Асунсион, Парагвај. Претставници на ФФМ беа потпретседателот Марјан Стојковски – Манта (претседател на ОФС Прилеп), генералниот секретар Леонид Јандреоски и заменик-генерелниот секретар Дрилон Ганиу. Настанот беше можност за размена на искуства и унапредување на соработката.

– Беа тековни прашања, а главните одлуки беше за градбата на нови стадиони за Светското 2030 (Мароко, Португалија, Шпанија, Аргентина, Парагвај и Уругвај) по повод 100 годишнината од светските првенства. Чест и задоволство беше да се биде меѓу учесниците, големи ѕвезди како Ето, Кака, Дунга, Шевченко или Арсен Венгер – вели Манта.

Следниот важен настан е Собранието на ФИФА во јуни, во Мајами, САД.

Loading