Гостински бод за крај

Победа

Во 30. коло на Втората лига Победа зеде бод од Радовиш, на дуелот со петтопласираниот Детонит. Резултатот е 2:2, што е убаво за прилепскиот тим во оваа тешка сезона. Стрелци: Филип Димоски и Давор Богевски од пенал.

Конечна табела: Македонија ЃП и Арсими 65, Башкими 63, Брегалница 58, Детонит 44, Саса и Охрид 42, Беласица 41, Кожуф и Скопје 39, Новаци 35, Победа и Вардар Н. 33, Осогово 29, Борец 17, Вардарски 11.

Собир по 38 години!

В сабота во 11 часот на прилескиот стадион ќе има собир на фудбалери на Победа. Тоа е генерацијата од сезоната 1987/88, во Втората југословенска лига – Исток. Се памети серијата од 7 победи есенска серија, се паметат полните трибини…

Поканети на дружба се 20 фудбалери и други тогашни членови на клубот.

Loading