Голем ден за Големо Коњари

Баражи

За тимот Големо Коњари утре (сабота) е голем ден во кој ќе се знае дали ќе се постигне статусот второлигаш. Претстои бараж-меч против тетовски Тетекс. Потребна е победа. Г. Коњари до ова ниво стигна со првото место во Третата лига – Југ со 57 бода, дури 7 повеќе од вториот Превалец од Велес. Во последното коло: Дреново – Г. Коњари 0:3.

Табела: Големо Коњари 57, Превалец 50, Башкими 45, Младост 42, Венец и Росоман 38, Ултрас 32, Бучин 25, Питу Гули 23, Слога 17, Дреново 15, Влазними јуниор 12, Обршани 3, Марена 0.

Бараж-финале на Градски стадион “Гоце Делчев” в сабота од 16 ч. претстои и во Општинската лига на ОФС Прилеп, Кадица (Забрчани) – Млекар (Мало Коњари), откако претходно Кадица беше подобра со 2:0 од Кадино, а Млекар со 5:4 на пенали (0:0) го елиминира Гарван (Десово).

Loading