Даниел Мелвил Македонска рапсодија 78

– Соблечете се.

– Што?!

– Ви реков. Инаку јас ќе ве слечам.

Почна да се соблекува, но незадоволно.

– И гаќите.

– Не сакам.

– Соблечете ги гаќите и легнете на стомакот. Или не знаете што е тоа инекција?

Девојката се соблече сосема. Во нејзиното поведение немаше повеќе ништо предизвикувачко. Розев се насмевна во себе си: “Со ваквите разгалени, вака треба да се постапува!” – си рече и ја закачи иглата.

– Облечете го ова. Тоа е пижама – í рече и додаде: Лека ноќ.

– Лека ноќ, господине.

00.30 ч.

Го изненади необичната тишина во приземјето. Да, таа е работата: Полката престанала да диши. Откако ја констатира смртта, го запиша саатот и í телефонира на болничарката – шеф, бидејќи директорот рекол дека не требало да го разбудат ако г-жа П… умри ноќе. “Ќе дојдам рано сабајле”, му одговори болничарката и пак легна да спие.

Розев ја заклучи собата со починатата. Пациентките не треба да знаат дека некој умрел. Во такви случаи им велеа дека болната “била однесена на болница”.

01.15 ч.

Почна нова турнеа по собите. Г-ца С… извршила голема нужда. Го отвори прозорецот, го испразни црепот во клозетот и го изми.

Останатите спиеа. И арапската принцеза на која инекцијата брзо í дејствувала. 80 годишната г-жа Г… извршила голема нужда в кревет. Се намачкала со изметот од главата до петиците. Дури го извалкала ѕидот. Ја искапи, ја седна на стол, го преслече креветот, го исчисти ѕидот, со туш ги изми чаршавите од изметот и ги стави кај валкани алишта. Ја легна пак во креветот. Не беше лесно, оти беше голема и тешка, а неподвижна. Ја проветри собата  напрскаа мирис од еден спреј  во ходникот.

На арапската принцеза í го измери притисокот и пулсот. Добро е.

02.45 ч.

Тукушто седна и го дополни извештајот за ноќта, заѕвони телефонот. Непознат женски глас му рече дека таа неодамна се вработила во клиниката и дека е дежурна во машкиот заштитен павилјон. Му рече дека се плаши. Се заклучила в канцеларија. Имала проблеми со еден од болните, бивш американски воен пилот.

По шарените плочки од долгиот слабо осветлен од ноќните ламби ходник Розев тргна кон машкиот павилјон. Штом влезе се сретна нос в нос со северноамериканецот. Човек со висок раст, околу два метри, и веројатно доста силен. Строго  беше забрането секое тепање со некој од болните. Почувствува дека Американецот е спремен да се тепа и да се обиди со сила да му го земе клучот од излезната врата од павилјонот. Со едната рака го носеше својот веќе спремен куфер.

– Сакам да си одам – рече Американецот и додаде: Сите ќе ве истепам. Специјалист сум и за ножови, и за револвери, и за тепачка.

Додека го велеше тоа неговите очи беа фиксирани на џебот во каде Розев го спушти клучот од излезната врата. “Се спрема да ме нападне”, помисли, и гласно рече:

– Дали добро размисливте, дали сте сигурни дека сакате да си одите?

– Сум размислил, и тоа како!

– Вие сте полнолетен. Располагате со себе си. Дали ги зедовте сите ваши предмети?

– Да.

– Треба да потпишите документ за дао потврдите дека по своја волја ја напуштате клиникава. Така ќе нé ослободите од секаква одговорност за она што би може да ви се случи отккако ќе излезите одовде.

– Ќе потпишам.

 (продложува)

Loading