Бајка е португалската Синтра

Една од европските земји која вреди да се посети е Португалија. Се препознава по фадо музиката, Атлантикот и на виното, на убавите места и плажи, љубезните домаќини.

Едно од поубавите места е Синтра. Волшебен град со бајковити палати, скулптури и извонредна природа. Се стигнува со воз од Лисабон за неполн час.  Град е на португалските кралеви. Ги размрдува сите сетила при првата средба. Иако мало место, плени со уреденост, чистота, природа.

Првин в очи “паѓаат” тврдината и палатата Пена. Се стигнува пеш по патека и скали или со автобус. Тврдината е на највисоката точка на ридот, која била под контрола на Маврите до 12 век. По мирен пат ја презел Алфонсо, првиот крал на Португалија. Палатата е едно од седумте чуда на Португалија. Претходно имало мал манастир, а подоцна била изградена летната резиденција на португалските кралеви. Во близина е Квинта. Тоа е големиот имот со екстравагантна палата, парк со езеро, фонтани и други градби. Една имагинарна градба… Од горе има величенствен поглед.

Долу се слегува во старото градско јадро. Пречекуваат тесни, кривулести улички, шармантни шарени куќарки, бројни ресторани и сувенирници. Впечаток, оставаат бројните скулптури, кои ја отсликуваат португалската историја. Неизбежно е да се влезе во Националната палата. Надворешно, навидум, обичен објект од тој период, раритетна и со големо богатство. Таа е синтеза на различни архитектонски стилови. Позната е по двете кули кои доминираат над градската панорама. Внатре е импресивно, волшебна. Просториите се поплочени со азулео плочки, кои се најдобар пример на украсување. Фантастични сали, кралски грбови, кујни…  Да се види дел од раскошот се потребни најмалку два часа. Прошетката  останува длабоко врежана во сеќавањето. 

Паѓа мрака над Синтра. Се палата светилките и се доживува ноќна магија.  Се ближи часовникот за враќање на железничката станица. Возот се упатува за стоицата на Португалија, Лисабон.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading