АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога му ја вадиш душата на народот, тој умира.

*

Не примај кукавички јајца од соседите.

*

Од долго чекање, може да пуштиш корени.

*

За каков либерализам и демократија станува збор кога губиш од обележјата на нацијата и државата?!

*

Во сукобот на политичари прво страда вистината.

*

Од две зла не чекај трето.

*

Добро е што граделе, ама не е добро што истовремено, и краделе.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading