Топење на холестерол

Против висок холестерол во крвтаи за превенција на здравите луѓе се препорачува напитокот направен од 1 литар минерална вода, 2 китки магдонос, 3 лимони и сода бикарбона.

Зголемувањето на холестерол ја зголемува опасноста од срцеви заболувања.

Здрав начин за намалување на холестеролот и елиминацијата на вишокот на маснотии се подготвува на следниот начин. Се мие лимонот и се трие со сода бикарбона. Исплакнат се сечка ситно заедно со кората. Магдоносот се мие и се цеди, па се сече на ситно. Во голема тегла се ставаат сите состојки заедно и се преливаат со водата. Се затвора и се чува во фрижидер цела ноќ. Наутро се протресува и се пие 100 мл млако загреана течност или на собна температура. Се конзумира секој ден додека не се потроши целиот напиток.

Холестеролот се создава со разградување на мастите. Лоиот холестерол (ЛДЛ) е со  голема концентрација на холестерол . Добриот холестерол (ХДЛ) носи мала концентрација на холестерол.

ЛДЛ го носи холестеролот во крвните садови и создава наслаги кои предизвикуваат стеснување на крвните садови со со што се создава ризик од  срцев и мозочен удар или други заболувања.

ХДЛ создава еластичност на крвните садови. Со недостаток крвните садови се нееластични. Атеросклерозата е таложење на мастите во внатрешниот ѕид на големите и средни артерии. Првин се ситни кристали на холестерол. Постепено се создаваат наслаги и стеснувања на волуменот на крвниот сад. Потоа, стврднување на ѕидот, а со тоа расте подложноста на прскање на крвните садови. Овие промени доведуваат до згрутчување на крвта или тромбоза. Атеросклерозата е предизвикана најчесто од зголемена концентрација на холестерол, поради пушење, физичка активност, начин на исхрана и друго. Има влијание и возраста и генетските фактори, па дијабетес, дебелината…

Loading