Фудбал
На коло пред крајот во Третата лига – Југ дефинитивно и теоретски првак е Големо Коњари, бидејќи има 7 бода предност пред вториот Превалец. Тимот Големо Коњари својата моќ ја покажа и на последниот дуел дома, преку победата од 10:1 врз Влазними јуниор од Пресил, Крушевско. Беким Алимоски даде 4 гола, Ерџан Ибраимоски 3, Јованче Сугарески, Христијан Кукески и Филип Кукески по 1. По ова за Големо Коњари само формалност останува мечот во Дреново. Од ОФС Прилеп за одбележување е пласманот на 4. место на Младост од Кривогаштани. Овој тим последното дерби го доби со 2:1 над велешкиот Превалец. Стрелци: Димитар Китаноски и Александар Чешелковски.
Табела: Големо Коњари 54, Превалец 47, Башкими 45, Младост 42, Венец 38, Росоман 35, Ултрас 32, Питу Гули 23, Бучин 22, Дреново 15, Слога 14, Влазними јуниор