ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (288) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Дојде денот Ѓурѓовден, религиозен празник, а и ден за решавање селски потреби како полјак говедар, но поради овие потреби се завршени, останува само за сместување на ситната стока, бирање летни овчари и давање овците преку летото на други за до Митровден.

Црквата со тропање на камбаната од страана на притрупот, за празникот многу верници одат на задушница в црква. Дома се подготвува, припрема посвечено јадење за ручек. Се прави голема веселба, собир во местото Крлешката каде што се меќа Капинешката и Горничка Оревската река на јасиките се врзуват ортоми за крлање проследено со песни и музика од свирачите Нацко и Петре Мурџески, младите си се забавуват со крлање и играње ора додека постарите присутни на ледината и е пратат веселбата на помладите. Кој намерават да одат на гости на Ѓурѓовден односно Ѓурѓелија после пладнина заминуват. Најблиско село за марулци беше с.Шелеверци.

На денот Ѓурѓовден во Марул беше присутна контрола за тутунот, Томе од Прилеп, презимето му е заборавено, кој носеше фото апарат, направи повеќе пози од веселбата кај Крлешката, сликаше групно и поединечно, остави голем спомен за селото од тој празничен ден Ѓурѓовден во нашето село Марул.

Повеќето марулски младинци заедно со свирачите после пладнина заедно со свирачите после пладнина замина на гости во с. Шелеверци со тоа не му наштија на селото. За наредниот ден на Ѓурѓелија веселбата беше проследена со гајдата на Петрески Алексо Бабјак. Алексо ги имаше повеќе негови помошници како браќа му Ванѓел, Ванчо и внуко Димитрија Бабјак тоти Павлески Јованче и Велјаноски Благоја веселбата траеше до зајди сонце.

Назначени летни овчари од Ѓурѓовден до Митровден беа следните лица:

1.Атанасоски Благоја Танески

2.Дамјанов Никола Дамјаноски

3.Јовчески Трајко Велјаноски

4.Јанкоски Атанас Ладески

5.Митрески Коста Мурџески

6.Мојсоски Веле Колески

7.Павлески Игне Јоноски

8.Павлески Павле Ванчоски

9.Петрески Крсте Бабјак;

10.Петрески Петре Мурџески Тапанџијата

11.Петрески Томе Бабјак

12.Ризоски Драган Бошески

13.Ристески Блаже Танески

14.Атанасоски Недан Танески

Ортаци за во бачилата се следниве овчари:

1.Колески Веле и Мурџески Петре приклучен е Павлески Павле до крајот на бачилото и се самостолува Павле;

2.Митрески Коста почетно летно овчарче останува до Митровден со Танески Блаже;

3.Павлески Игне останува ортак со Ризоски Драган до пред дено Митровден есента;

4.Петрески Крсте Бабјак е ортак за бачилата со Петрески Томе Бабјак после бачилото се разделуват;

5.Атанасоски Благоја Танески прави бачило сам;

6.Атанасоски Недан Танески прави бачилоп сам;

7.Дамјаноски Никола прави бачило сам;

8.Јовчески Трајко Велјаноски прави бачило сам;

9.Јанкоски Атанас Ладески прави бачило.

Венчавањето на Јанкоски Трајче со Верка Павлеска беше убава весела свадба во топол сончев ден.

Приближно околу два месеци од женењето на младоженците Трајче и верка е правеја венчавката. Сигурно поради старосватицата за незиното поштовање Методица Петкана Мамалигоска од с. Мојно родена Дамјаноска во с. Марул, но и почина родената мајка Дамјаноска Ристана на третиот ден Велигден.

За да биди чиста работата од домаќините со старосватицата чека барем мајка е на старосватицата Ристана да наполни по верските македонски традиции шест недели. Со тоа духовно расположуват ослободуват телата од разни мисли од несакани последици. Во денот четврток по наша марулска традиција каначите со карта црвено вино поставено во волнена ткаена црна торба со везани имината од младоженците од надворешната страна на каначката торба и со повеќе јаболка каде не се влегува одма од мртви случаеви ненаполнато година дена од умирање се поканува домаќинството со јаболко во дворот.

Тоа исто го направија и Крстевци, во четвртоко вечерта каначите Цане Крстев, внук од брат му Ристе и Павлески Павле Ванчоски, внук од прибрато на Крстејца Дуна од Ванчо. Крсте свесен човек за да нема доминантност во неговиот брак со жената му Дуна го повикува Павле за ортак при канењето во заедница со внукот Цане. Вечерта откако ќе завршат со канењето каначите одседнуват во една од нивните куќи од каначите ќе направат вечера после тоа ќе ги пребројат добиените пари, бакчиш од домаќините при канењето и парите ги поделуват пополу. За ова канење Цане и Павле одседнуват кај Павлески Павле Ванчоски.

Во чест за завршената работа со канењето аттко му на Павле од чорако негов дома испука со неговата ловачка два пати кој ги вонемири селските кучина.

За време на вечерата во разговорот со Цане, Ванчо како Ванчо на срце добар, на уста без страм и без влакна на јазикот. Лани летото кога се селеше сната наша Колижабица за Прилеп со детето в раце и торбата на рамо замина со сино, мажот је во Прилеп. Агите наши тој ги викаше така делениците Јоновци Колижабица ни била столбот за работна снага. Сега ќе пропадниме, добри сме ито како и лани. Сега агите наши се пореметуват. Ќерка му на Рустем пордија ефенди (Игне) му замина ќерка му за Трајче ваш. Исто така, подслушнав да првата ќерка на пастолко (Јованче) така ги викаше се засакала со коњарецот кај средселото.

Сигурно и таа ќе ги напушти нашите деленици, време си бара место, ќе покажи времето за тоа. Тогаш тие ќе бидат во застој без работна рака. Ќе нема повеќе грбанчо брачедот мој каде оди или си иди е весел си поднапева. Сега ќе биди наопаку, ќе го моли протуѓарот за работна рака за неговиот имот.

Во саботата во квечерината кај Крстевци дојде еден пајтон со црничките свадбари, гости, осум членови кои што слегоја, пајтонџијата се врати за дома. Гостите беа љубезно пречекани од домаќините и весело загрлувани едни со други. Црничките гости беа синовите Ванчо и Спасе и Цане од Плускач Милан роден во Штавица, прв брачед на Крсте од тетка му Велика, сестра на Ѓорче познат по прекарот Милан Симидаро отиден домазет кај Поповци во с. Црничани.

Втората група од црничките свадбари гости пои ме Аце, Ило, Коле, Славе, Невена внуци на Крстејца Дуна од сестра је Таса Мамалигоска мажена за Борис Поповски во с. Црничани. Барем така беа преенсени нивните имиња кај марулските свадбари сеирџи. Со влегувањето над училиштето в село тропна тапано од подалечните места. Сите дотогаш дојдени гости свадбари од подалечните места кај Крстевци имавечера припремана од прочуената марулска куварка Менка Чонеска Ѓелојца потпомогнато од нејзината ќерка Илинка Атанасица Чонеска. После вечерата свадбарите беа сместени за удобен одмор во наредниот ден за свадбената веселба.

Продолжува    

Loading