Промоција
Новата поетска творба на Никола Дукоски “Образ во огледало” ќе биде промовирана утревечер од 19 часот во хотелот Атлас. Промотор ќе биде Тихомир Јанчовски.
– Книгата почнува да патува од Прилеп со надеж дека симетричниот стих ќе стигне до рацете на оние кои сакаат да ги впијат зборовите и да ги напојат сетилата. Содржи 23 песни, колку и хромозоми потребни за формирање на единка – човек. Сите песни огледално се поклопуваат за уживање со музиката на дуото Волчело – вели авторот Дукоски.