Во полицијата било пријавено дека утрото на 12 мај две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната врата на летната бавча на угостителски објект на ул. “Александар Македонски”, сопственост на Б.С.(53), по што фрлиле рачна бомба, која не експлодирала. Бомбата била демонтирана и безбедно подигната од единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СДСМ го осуди чинот и прстот за одговорност за безбедноста во државата го впери кон ДПМНЕ.
За Петра Лукароска, претседателката на ОО СДСМ, градот наликува на Дивиот Запад, оти се регистрирани два инцидента со експлозивни направи, триесетина запалени автомобили, еден опожарен ноќен клуб и недефиниран број на оружени пресметки и насилства во угостителските објекти и градските улици. Според неа, власта на ДПМНЕ го направи Прилеп опасно и небезбедно место за живеење, а граѓаните се оправдано загрижени за личната безбедност и безбедноста на своите најблиски.
СДСМ уште еднаш апелира на сериозен пристап без игнорирање на проблемите.