Младост 96 над сите

Пинг-понг

Заврши основниот дел од Супер лигата, а според табелата прилепскиот клуб Младост 96 го има првото место и со предност ќе влегува во мечевите од плејофот. Тоа значи исто како да е добиен првиот меч од плејофот.

На последните првенствени мечеви, прилепскиот клуб со 4:0 го совлада струмичкиот Астраион (4:0) и скопски Вардар (4:1). Младост 96 постигна 17 победи и има само 1 пораз. Во плејофот ќе се сретнат: првиот со четвртиот (Младост 96 – Астраион), а вториот со третиот (Крива Паланка со Телеком нец 2 од Скопје).

Вториот прилепски суперлигаш Младост имаше тешка сезона и не успеа да обезбеди опстанок. Со 1 победа и 17 порази се пласира на последното место од табелата.

Loading