Со годините, старее и мозокот. Се јавува ризик од Алцхајмерова болест. Мозокот да ги обновував своите клетки, потребна е правилна исхрана. Без потребните минерали и витамини, постои шанса да почне да се забораваат работите, да се намали концентрацијата и потешко да се памети. Ризици се и прекумерното консумирање на алкохол, повреди на главата и загадениот воздух. Постојат 9 ризици, понизок степен на образование во младите години, губење на слухот по 40-тата година, хипертензија, дебелина, пушење, депресија, социјална изолираност, физичка неактивност и дијабет во подоцнежните години.
Никогаш не доцна да се преземе нешто за подобрување на здравјето на мозокот.
Деменцијата го отежнува животот. Според статистиките, жените почесто го имаат овој проблем.
Препораки се здрав животен стил, здрава исхрана, избегнување алкохол, непушење, редовна физичка активност, но и ментална активност, читање и постојаното учење нови работи, менаџирање на стресот, квалитетен сон и одржување нормална телесна тежина.
Сулфурот е нужен за нормално функционирање на мозочните клетки. Го има во зелката, морковите, краставиците, лукот, смоквите, кромидот и компирите. Цинкот ги подобрува менталните перформанси и составот на крвта. Го има во пченичните никулци. Калциумот е нужна заштита од инфекции. Го има во јаболката, кајсиите, цвеклото, зелката, морковите, црешите, грозјето, зелениот зелечук, бадемите, портокалите, праските, ананасот. Железото го обезбедува нивото на хемоглобин во крвта. Без него се неможни виталните процеси во мозочните ткива. Се наоѓа во гравот, зелката, црешите, зелениот зеленчук, сенфот, портокалите, грашокот, доматите, оризот и школките. Со магнезиум функционира нервниот систем. Спречува нервни болести, несоница, вознемиреност, главоболки и депресија. Најмногу го има во бадемите, зелената салата, нането, маслинките, кикириките, компирите, тиквата, сливите, оревите.
![]()

