“Љубов за сите”, во чест и спомен на големата македонска уметница Андријана Мациев, која прерано замина во вечноста, но остави дела по кои ќе ја паметиме, беше манифестацијата во ЦК “Марко Цепенков”. Низ поезија и ликовна изложба беше доловен ликот на уметницата која замина пред три години. Беа претставени 20 дела од три ликовни циклуси.
Се промовираа двата алманаха, со наслов Љубов за сите, пишувани од група автори, инспирирани и вдахновени од земниот и небесниот живот на Мациев.
– Андријана замина, но делата се инспиративни и чудесно живи и денес рече мајка í Јулија.
Уметницата Мациев, повеќе години беше учесник на ликовната колонија Дрен и остави дела во трајно наследство на Центарот.