Изложба за Али Фети Окјар во Истанбул

Во културно-информативниот центар на Македонија во Истанбул отворена е биографската изложба посветена на животот и делото на Али Фети Окјар, еден од најзначајните државници и дипломати во раната историја на модерна Турција и близок соработник на таткото на модерна Турција, Мустафа Ќемал Ататурк. Автор на изложбата е историчарот Рубинчо Белчески. Презентацијата се реализира во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп, со поддршка од Министерствотго за култура и туризам, преку архивски фотографии, документи и истражувачки материјали ја прикажува животната патека на Окјар, од неговото потекло од територијата на денешна Македонија, па сé до неговата истакната улога на турската политичка сцена како премиер, дипломат и идеолог.

Изложбата ја потенцира поврзаноста меѓу Македонија и Турција преку заедничката историска меморија, одбележувајќи значајни личности што оставиле траги во двете земји.

Loading