Хистијанска и исламска цивилизација на едно место

Кордоба

Во срцето на Андалузија е градот Кордоба. Ги спојува исламската и христијанската цивилизација и култура. Го основале Картагените, ама се развивал со Римјаните.

Била најсеверната точка до која можело да се стигне пловејќи по реката Гвадалкивир. Затоа Кордоба станала значаен центар за трговија со маслиново масло, вино и пченица. Подоцна ја населиле Бизготите и Византијците, а откако дошле Маврите станала престолнина.

Бил главен град на калифат од 929 година. Подоцна, во 1236 година го освоиле католиците. Цветале заанетчиските работилници со филигран, накит од злато, слонова коска… Оттука почнала изработката на хартија и на стакло.

Градот е препознатлив по старата џамија, претворена во катедрала, под заштита на Унеско. Таа е уметничко и историско светско благо. Градбата ја почнал, патронат, Абу Рахман, во 780 -та година. Конечната верзија е добиена во 10 век.  Величенствена е, особено внатре, со преку 1300 столбови, изградени од мермер, јаспис и гранит. Дел од нив биле во храмови, па префрлени тука. На нив се насликани 365 црвено бели лакови.  Се вели дека во време на владеењето на Маврите сите 19 врати на Мезгитата биле отворени од Дворот на портокалите. Столбовите делувале како продолжение на редовите на стеблата, додека дневната светлина давало необичен изглед.

Грандиозна палата била Захра, подигната во 10 век, на околу 7 км од градот. Сега археолошки локалитет кој сведочи за богатството на градот. Палатата Алказар ја изградил Алфонсо 11-ти во 14 век, со цел да ја дочека кралицата Изабела и кралот Фердинанд. Кралската двојка првпат се сретнала со Кристофер Колумбо. Иако е градена за христијански монарси, сепак Алказар е изграден во типичен маварски стил, со фонтани, езерца и ароматични растенија.

Атрактивен е Римскиот мост, чија прва верзија била од п.н.е. Неколку пати бил реконструиран. Мостот ги поврзува џмијата и кулата Торе де Калахора, изградена од Маврите, реконструирана од католиците за одбрана на градот, сега претворена во музеј, во кој се отсликува бурната историја. Привлекува и Еврејското маало, наречено Јудеира. Познато е по тесните улички, лакови меѓу куќите и андалузиските дворови полни со цвеќиња. Тука е старата синагога, единствена во Андалузија. Таа е споменик за сефарскиот мислител Мајмонид. Евреите се населиле пред Римјаните, потоа заминале, а биле значаен дел од интелектуалната елита  додека владееле Маврите.

Новиот дел плени со убавите зданија и со уредените паркови.

Пред заминување, за спомен, може да се вкуси емпенада и да се почувствува духот на градот со кафе и топло чоколадо.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading