Готова е капелата кај старите гробишта

Предадена е во употреба капелата кај старите градски гробишта по рчечиси две децении од почетокот на градбата. Здружението за заштита и обнова на старите градски гробишта Прилеп и Варош му го предаде објектот со комплетна инфраструктура на стопанисување на локалната самоуправа.

Градоначалникот Борче Јовчески изрази благодарност за упорноста на сите членови на здружението.

– Посветеноста минатите децении резултира со реализација на овој значаен објект. Општествената одговорност е пример за сите. Остануваат уште неколку административни постапки да ги заврши локалната самоуправа и ЈКП Комуналец, по што објектот ќе биде официјално ставен во функција – рече Јовчески.

Капелата располага со простор за одвивање само на една погребна церемонија. Објектот е со помал обем. Просториите се според стандардите. Располага со фрижидери за одржување на погребните останки. Градбата беше барање на граѓаните со гробни места на своите блиски на старите гробишта.

Инаку, инвестицијата е 120 илјади евра, вклучувајќи ја градбата, односно комплетното вложување.

Ова ќе биде втор објект од ваков тип по оној на Новите гробишта од 2015 година.

Со објектот ќе стопанисува Комуналец.

Loading