Гордост е платинестата награда

Прилепска пиварница

Прилепската пиварница е добитник на највисокото признание од ПепсиЦо – БЕВЕРАГЕС Цалеб Брадхам Љуалитѕ &амп; Фоод Сафетѕ Еџцелленце Ањард фор 2024, платинеста награда за извонредност во категоријата “пијалаци”. Престижното признание ја потврдува посветеноста кон врвниот квалитет, безбедноста на храната и на пијалаците, како и постојаното подобрување на производствените процеси.

Прилепската пиварница е едната од само две фабрики во Европа што ја добиваат платинестата награда, од 28 наградени производители на храна и пијалаци низ светот. Наградите се доделуваат во четири категории: платинеста, златна, сребрена и бронзена, и ги препознаваат најдобрите производствени капацитети на ПепсиЦо за извонредни резултати во областа на квалитетот и безбедноста.

Платинестата награда се доделува на најдобрите од најдобрите, одбрани меѓу златните добитници според строги критериуми, какви што се: АИБ Интернатионал оцена над 925, перформанси на квалитетот и безбедноста на храната и на пијалаците над 98 отсто без повлекувања или поплаки од потрошувачите.

Пиварницата се истакна со континуирано подобрување на процесите, најдобри перформанси во контролата на параметрите од 3Ц платформата и перформансот според АИБ, намалување дефекти поврзани со изгледот на пакувањата, како и со спроведување иницијативи за одржливост, заштита на животната средина и социјална одговорност.

– Наградата е уште една потврда за посветеноста и стручноста на нашиот тим. Горди сме што ја носиме платинестата награда во Македонија и ќе продолжиме да бидеме препознатлив пример за извонредност и на европско и на глобално ниво – изјави Панде Самарџиоска, заменик -генерален директор.

Loading