Даниел Мелвил Македонска рапсодија 77      

Понатаму: г-жа В…, красна Гркинка, русокоса со црни очи!      Мајка на три деца. Маж и некаков чуден човек, ама полн со пари. Не остава впечаток дека ги сака жените, посебно не својата. Се откри.Почна полека да ги соблекува своите веројатно скапи убави микроскопски гаќички. Со тивок глас го викаше: “Дојди, те сакам! Дојди, те сакам!”. И ги даде лековите и отиде во соседната соба: Марина Д…, половина Полка, половина Французинка. Висока и танка. Огромни модри очи и долга златесто руса коса. Беспрекорно убаво тело. Се гнаси од половите односи. Младоста ја поминала по психијатриски клиники. Сонува гуштери, змии, пајаци и други непријатни кошмарни животни и монструми. За себе вели дека е грда. Се обидела повеќе пати да се убие. Со дозвола од директорот Розов понекогаш ја водеше в град. Другите членови од персоналот се плашеа тоа да го прават за да не одговараат во случај таа да им побегне или се отепа. Има 20 години.

– Марина, како си?

– Лошо

 “Треба да ја имам наоко ноќва, нешто спрема” – си рече Розев во себе.

Откога сврши со собите на првиот кат, се упати кон оние во приземјето.

Г-жа Х… со која речиси не беше можно да се воспостави контакт. Полудела на испитувањата од нацисти во Втората светска војна. Остарела по клиники. На масата се сликите од нејзината истепана фамилија. Меѓу нив има фотографија од една убавица: г-жа Х… во годините на војната. Веројатно наскоро ќе умри. На долниот дел од грбот има длабоки, долги рани, ескари. Секој саат Розев треба да ја врти де на едниот, де на другиот колк.

Откога ги исчисти и намачка со лекови, се упати во соседнат соба. Таму беше една згодна калеша девојка со големи блескави црни очи. Ќерка на доктор, студентка по медицина. Одбива да јади, оти смета дека е дебела, иако тоа воопшто не е точно. Розева го почитува и го слуша.

Следната е г-жа Г… на која местото и е во старски дом, а не овде. 80 години. Тешка и неподвижна.

Најпосле, во павилјонот што не е во моментот сосема полн, е собата со г-жа П…, богата полска емигрантка во оваа западна земја. Стара е. На умирање. Се мачи повеќе денови, но не умира. И нејзе не í е местото во болницата, ама во таков случај клиникава не би заработувала пари на, туку болницата. Тешка е триесетина килограми. Ја држат жива со лекови и со раствор од гликоза. Од мака се крева и се спушта и тие движења необично потсетуваат на сексуален акт. Тешко дише. Розев í набабрув носот со гумената сонда. Потоа слегува до грлото и со аспираторна машина го чисти гркланот и грлото од насобрани мукозни секреции, балгани, што таму се насобрале.

23.00 ч.

Кирил Розов седи во приземјето, во канцеларијата што наедно е и простор за прва помош. Вратата е широко отворена, а крши неа е, исто така, широко отворена вратата од собата во која лежи Полката, г-жа П… Нејзиното тешко и шумно дишење, а и офкањето, ја исполнуваат тишината. Во темнината на големиот парк околу клиниката вие ветерот (“Како пците на смрт кај нас”, си вели Розов).

Ѕвони телефонот. Дежурната, од еден од “слободните” павилјони со незатворана влезна врата го вика напомош: 16 годишната ќерка од некој арапски принц збеснала и крши сé во својата соба.

Розов оди таму. Принцезата вистина збеснела (таа, како и поголемиот дел од другите на клиниката главно за богати и прочуени луѓе, е запишана под лажно име, “инкогнито” ама вистината често пати се дознава). Никакви молби не помагаат. Малечката се однесува со луѓето како да се слуги. Со Розов така не  може. И вели:

 “Слушајте вие, млада девојко! Во вашата земја можеби сте навикнале да заповедате на робови, ама јас ваш роб не сум. Со мене не бидува со лошо. Гледајте како сум силен. Ќе ве здробам. Дојдете со мене да не се налутам!”.

Зборовите дејствуваат како магија. Арапската принцеза и убавица тргнува, но полна со провокација во држењето. Розов ја однесе во својот павилјон.

 “Оваа ќе биде вашата соба. Утре ќе се донесат работите. Ако сте поумна, ќе се вратите во слободниот павилјон”.

Потоа донесе од аптеката спремен шприц.

 (продолжува)

Loading