Ракомет
Во плејаутот од Женската лига Деспина – Пелистер 30:34. Најефикасна во домашни редови е Андреа Конеска со 9 гола, а во битолскиот Моника Босиловска со 13. Тимот Деспина вчера одигра со Овче Поле во Свети Николе, а викендов дома го пречекува лидерот на табелата Спартак од Скопје.
Табела: Спартак 18, Пелистер 15, Деспина 13, МРК Ѓ. Петров 12, Овче Поле 10, Стружанка 7, Шампион 0.
Поради репрезентативните настапи безмалку цел месец е паузата за машката екипа Прилеп во рамките на плејаутот од ракометната Супер лига на Македонија. Последниот меч на прилепскиот тим беше на 23 април со Струга, победата пред своите гледачи. Потоа требаше, но не се одигра дуелот со Борец, поради тоа што беше исклучен велешкиот клуб. Според ова, нареден меч е Пролет – Прилеп на 25 мај во Скопје.
.