Пецо влегува во бар и здогледува една згодна девојка и почнува да и се пушта:
– Здраво маче!
– Имам сопруг…
– И јас имам ТВ дома, па некогаш одам на кино.
Паца доаѓа дома и:
– Мажу, треба да имаме долг и сериозен разговор!
– Пократко не ли може?
– 4000 денари за чевли!
– Слушнав си нашол нова работа?
– Да, брат, чувар во еден магацин.
– И како оди?
– Епа еден ден спиеш на работа, три одмараш дома…