Не сме ние тажна приказна, туку оние кои нас така не именуваат.
*
И за дрскост треба искуство.
*
На демократијата не и’ се потребни чувари.
*
Кој не сака на маса да седне, ќе го сретне маса на улица.
*
Своите грешки тврдеше дека се туѓи.
*
Нема гордост без одговорност.
*
Истрагата за објектите започнува како и градбата од – темелите!
“Д-р Хаџи-Васков”