ВАУЧЕРИ ОД 1500 ДЕНАРИ ЗА 320 ПЕНЗИОНЕРИ

Прилепското здружение на пензионерите одамна е рангирано меѓу најдобрите членки во Македонија. Потврда е благодарницата од Сојузот за поддршката на членството со повеќе милиони денари за пензионерите со ниски примања.

И годинава 320 слабо ситуирани пензионери добијаа ваучери од по 1500 денари за новогодишните празници. А ваучери од околу 500 илјади денари се доделени за пензионери по посебен правилник преку одборите на 19 разграноци. Ако и двајца од семејството се пензионери, само еден добива 1500 денари за набавка на производи по своја желба од централниот маркет на компанијата Футура. Или ако пензиските примања се повисоки од одредените, не се доделува. Ваучери не добиле пензионерите кои лани добиле ваква еднократна финансиска помош за Божикните празници.

Комисијата за здравство рагледувала многу барања за користење на субвенција за бањско лекување. При распределба на средстсвата Комисијата строго ги разгледува барањата и дел се одбиени.

Членови на разгранокот “Гоце Делчев” го посетија ОУ чиј патрон е овој македонски великан  и револуционер з да оддаде почит за годишнината од загинување на 4 мај. При тоа се положија букети со цвеќе на спомен бистата. Членовите на овој и други пензионерски разграноци и членови на боречката организација ги посетија Могилата на непобедените и Алејата на Народните херои, како и споменикот на Пере Тошев по повод 113 годишнината од неговото загинување.

Loading