Промоција
Вечерва од 19 часот во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи осмото издание на литературно-културолошкиот концепт “Процеп во процес” Ќе биде промовиран романот “Светот што го избрав” од Калина Малеска, кој се закити со награда “Роман на годината” за 2024 година. Посетителите ќе можат да разговараат со авторот.
Промотор ќе биде поетесата Лина Димоска, која на непосреден начин, со свое лично видување и непретенциозно излагање, ќе се обиде да го приближи делото до публиката и дополнително да заинтригира за содржината.
Романот е храбро сведоштво на женскиот лик кој минува низ сопствените, и низ преобразбите на светот што го избираме дури откако сам ни се наметнал избор што не само не го оправдал, туку со него ни нанел штета и тага.
Модератор е Александар Еленин.