Моделарство
Државното првенство во воздухопловно спортско моделарство се одржа на Спортскиот аеродром кај Мало Коњари. Учествуваа моделари од Кавадарци, Охрид, Скопје и Прилеп.
Домаќинот, прилепскиот клуб Фил феникс, се претстави со млади пилоти кои покажаа прогрес низ високи пласмани. Во Ф-1-А (едрилици) веднаш по сениорот Небојша Стошиќ (Кавадарци) се прилепските јуниори Михаил Пожарски и Лука Најдоски. Очекувано, кај јуниорите во истата категорија редоследот е: Михаил Пожарски, Лука Најдоски и Дино Најдоски. Успехот е и во Ф-1-Х (помали едрилици) каде под М. Пожарски и Д. Најдоски е Даријан Димески.
Претстојат настапи во Салонта (Романија) – прво светските купови па Европското младинско.