Ракомет
Машката екипа Прилеп уште е при врвот од табелата на плејаутот од Супер лигата. По поразот од Радовиш (26:28), победата над Струга (30:25), не беше одигран мечот со Борец, бидејќи велешкиот клуб е исклучен поради немање доволен број играчи во Купот. Следниот дуел на Прилеп е на 25 мај со Пролет во Скопје. На табелата Пролет е прв со 11. Прилеп втор со 9, колку што има и Куманово.
Во плејаутот од Женската лига, Деспина со 27:24 загуби од МРК Ѓорче Петров, потоа со 39:18 го совлада Шампион, загуби со 29:25 од Стружанка, а следниот меч е викендов дома со Пелистер.
На табелата Деспина е трета со 13 бода, под Пелистер со 13 и Спартак со 16 бода.