Фудбал
Феномен е Победа пролетва во Втората лига. Постигнати се само пет голови, а прими, уште помалку, четири. Така беше и на последните три меча – совладано со 1:0 Вардарски во Богданци (стрелец Филип Димоски), дома 0:0 со Осогово и на гости 0:0 со Скопје. Играта во одбрана придонесе да не се прими гол 477 минути, од 5 април дома со Вардар Неготино. Минутажата можно е да се зголеми, бидејќи следниот меч е дома со гевгелиски Кожуф, в сабота од 17 часот. Последен е во Прилеп оваа сезона.
Табела: Македонија ЃП 63, Арсими 61, Башкими 60, Брегалница 55, Детонит 43, Охрид 42, Беласица и Саса 39, Скопје 36, Кожуф 33, Новаци и Победа 32, Вардар Н. 30, Осогово 26, Борец 13, Вардарски 11.
Од Победа е новост тоа што клубот има сопственик (Александар Мицковски од САД) и нов Управен одбор со претседателка – Јана Мицковска – Попоски.