Фељтон: Томе Велјановски
Бабата Ристана Дамјаница преку летото кога ќе ги метеше трлото и кордата често ги собираше воловарчињата, совети и поуки им даваше да не се карат во игрите, да е играт таа игра која сите деца ја знаат да е играт. Да си позајмуват едно со друго ако треба. Да не се капат во длабоки вирови, за да не настрадат како Стојаноски Илиев Стојан Котески кој се удави во Грамада во виро во 1922 година.
Дамјаноска Дамјаница Ристана која од нејзиниот долгогодишен живот триесетипет години живееше вдовица со нејзините тогаш мали пет деца Ѓурѓа, Стојна, Ристе, Никола, Петкана и успеала да се одржи при таква криза во животот. Има една изрека да црниот ѓавол не работи, а живее меѓу несреќниот народ.
Во есента за време на гроздоберење во 1924 година во местото Капка во сињорот Русечки при берење на лозјето дотогаш неподелено само за една лозова пенушка необрана дошло до неразбирање, инает помеѓу стрикото Дамјан од една страна со внукот Јован од братот Васил од друга страна. Јован со неразмислување го извадил дрвеното кросно од бурето со кое го толчел, тропчкал грозјето, го удрил стрико си Дамјан по глава, паднал Дамјан на земи смртно не погоден. Дошле од с. Рувци Карбевци со запрежната кола, го однесле на доктор во Прилеп од таму го упатиле во Битола. Дамјан не издржал по пат, умрел.
Јован внукот доби осумгодишна затворска казна до 1932 година. Се пишманел тоа што го сторил, било касно.
Во деновите после Велигден му доваѓат покани на двата Јованоски Трајче Јанкоски и Ристески Најденко Мурџески од оделенијата на воениот отсек од општина Тополчани подпишани од референтот за воени прашања Каламукоски Алексо и од претседателот на боречката организација од НОВ Димоски Ванѓел Тантуш.
Со самото влегување на Најденко и Трајче познати им се лицата во канцеларијата. Референто по воени прашања е Каламукоски Алексо од Тополчани, роднина на Јанковци во Марул. Додека претседателот на боречката организација од НОВ е Димоски Ванѓел Тантуш, роден во с. Бонче. Ванѓел Тантуш му е зет за прва брачеда Ордена од вујко му Стојкоски Петре главина од с. Бонче, роден брат на мајка му на Најденко. Ордена не му е крвна рода на Стојкоски Петре Главина, него му е паштерка, дојдена со мајка е Митра.
Пообјаснување: Сејменоска Митра од с. Бонче мажена за Степаноски Атанасов Ордан од с. Лопатица, прилепско. Невестата Орданица Митра останува гравидна, во друг пложај во блиско време за пораѓај. За кратко време пред нејзиното породување се разболува нејзиното момче Ордан и умира. Новороденчето, дете од Митра и Ордан е здраво и во пол е женско. Домашните одлучува, името на детето му го дават во спомен на татко му Ордан – Ордена.
После извесно време Орданица се премажува во родното село Бонче за вдовецот Стојкоски Петре Главина кој имал дете сираче при него од првата брачна другарка по име Трајан. Премажената вдовица Митра со нејзе си го зема нејзиното дете Ордена кај Стојковци попопзнато Главиновци во Бонче. Петре Стојкоски и Митра Сејменоска во бракот има повеќе деца.
Донесеното дете Ордена расти, израстува голема мома, фаќа љубовна врска со ергенчето бончанче Димоски Ванѓел Тантуш и се омажува илегално за него, речено народно – бегалка. Ванѓел и Ордена изродува три деца, Киска, Цветан и Пецо.
Степаноски Атанас и Степаноски Никола се родени браќа.
Степаноски Атанасов Ордан и Степаноска Николева Трајана се први брачеди.
Степаноска Ордена сега Димоска и Јовчески Трајанкин Ванѓел се втори брачеди.
Откако беше завршено со разговоро пријателски за рода и роднини, иследниците за военото прашање Каламукоски Алексо и Димоски Ванѓел е сменија темата за што се повикани Трајче и Најденко да дадат изјава. Трајче проговори, да ви кажам отворено е заборавив програмата за на предвојничка обука на првиот ден Велигден. Додека Најденко е мој врсник и добар другар од детинство, го поканив за свирач на мојата веселба на женидбата.
Нјаденко додаде, ние е направиме грешката, законот нека ни суди и пристануваме на програмите на законот од предвојничка обука. Иследниците Алексо и Ванѓел им го прочита законо за од предвојничка обука за направената грешка од страна на Јованоски Трајче и Ристески Најденко. Вие поради немате воена заклетва земено, лесно сте казнети со по три дена екстра на вашата тура при пред следната предвојничка обука која доваѓа во есенско време.
Трајче и Најденко – Нацко е прифатија таа одлука како казна за направената грешка со тоа се поздравија со воените иследници Калмукоски Алексо и со Димоски Ванѓел. Задоволни си дојдоја во Марул. Вечерта при средбата на младината на средселото за пресудата раскажа Најденко. Пред заминувањето на Трајче и Најденко од канцеларијата после средбата со службениците Каламукоски Алексо и Димоски Ванѓел кој во смеа му вели на Најденко – Нацко, не губи го правиот пат како што направи вујко ти Петре, Петре е главина, дедото мој, очувот на жената моја Ордена.
Една ноќ го повикува нашиот комшија и деленица Димоски Крсте Чавчала наводно дека ќе берат дрва, со магарината товарени пили и секири отидоја во старо Бонче и го пресекоја стариот голем раскошен даб со голема сенка, ладовина кој држеше преку целиот ден сенка, лист не зедоа, си дојдоја дома, му рече Ванѓел на Најденко.
Најденко на тоа му возврати на Ванѓел, не е тоа во грешката на вујко ми Петре, него во самите бончани, него нивните жени кој го наклеветија вујко Петре да го пресечи дабот. Како што кажува некој од бончаните, дабот бил многу разгранет, шаторес со голема ладовна сенка.
Да било копање или жниење во неговата близина под неговата ладовна сенка се собирале бончаните под него и останувале во разговор за историја, политика, бричена стрижена, мангал муабет со лулината и цигарите в уста додека нивните жени и сите аргати оставени сами на горештините да е терат дневната работа по нивјето.
Нивните жени бончанки на нивните мажи за да ги принудат своите мажи за поефикасно, подолго време на работа, тајно го порачале Стојкоски Петре главина да го пресечи дабот за куртулување од сенката од дабот. Петре е прифатил молбата од жените, една ноќ го повикува Димоски Крсте Чавчала, отишле со магарината со пили и секири натоварени и дабот го пресекле.
Крсте го прашал Петрета за да земат дел од дабот Петре му одговорил на Крсте работата е завршена, ништо не земаме, ги спасиме жените од нивните мажи сенкари. Седење нема, сега ќе бидат топтан на работа со нивните жени и другите аргати по нивјето да било жетва или копање бостан, пченка, сончоглед или тутун. Откако го пресекле дабот Петре и Крсте се вратиле дома за си продолжат со нивниот ноќен одмор во спиење. Од пресечениот даб, бончаните крева дрва за зимно време за огрев. Со смеја му возврати Најденко Мурџески на Ванѓел Тантуш и е напуштија советодавната канцеларија со Трајче на Алексо Каламука и Ванѓел Димоски и си замина за дома во Марул.
Продолжува