Џудо
По завршувањето на првиот дел од полусезоната за државни првенства, ЏК Сеишин останува активен со интензивна програма за тренинзи за настапите на меѓународно ниво. Од 23 до 27 април клубот на репрезентативно ниво со два члена партиципираше на Европскиот камп во Будва (Црна Гора), каде беше можноста да се следи Европското сениорско првенство во Подгорица.
Викендов ќе има настап на голем меѓународен турнир во Аминдео (Грција), а наредниот викенд следи Меѓународниот турнир во Скопје. Почнуваат и циклусите на репрезентативни подготовки и избор на претставници за балкански и европски првенства. Први стартуваат кандидатите за кадетска селекција викендов во Прилеп, каде Сеишин учествува со три члена. Најдобрите треба да одат на Балканското првенство во Б и Х на 24 и 25 мај.