На 54 години овој свет го напушти Николче Здравески, легендарниот фудбалер и тренер. Поради велемајсторските потези беше нарекуван Николче, мајсторче. Во играчката кариера печат остави во Пелистер, Вардар, Победа… Настапите се поврзани само со успеси и трофеи. Прилепчаните секогаш ќе го паметат по трофеите (Куп 2001/2002 и титула 2003/2004) и по најголемите достигнувања во Европа, во евро-куповите. Во сезоната 1999/2000 се случи спектаклот со Перуџа, а во следната сезона 2000/2001 преку елиминацијата на романската Универзитатеа (со двата гола на Николче) беа дуелите со Парма.
Најголем тренерски успех му е титулата со Победа во сезоната 2006/2007.