Ронда
Андалузија, земја на вината, борбата со бикови, по раскошните палати, вили со базени, по прекрасните места со видлива арапската култура. Еден од поубавите андалузиски градови е Ронда, или малото убаво бело село, кое го пеивлекува илјадници туристи. Се наоѓа на стотина километри од Малага. Се стигнува со автобус по ридест и кривулест пат. Местоположбата му е спектакуларна. Сместен е на работ на стрмен предел. Хемингвеј рекол дека Ронда е најромантичниот град во Андалузија, а Орсон Велс побарал во Ронда да биде распрсната неговата пепел. Германскиот поет Рилке, напишал дека секаде го барал градот од соништата, но го пронашол во Ронда.
Сместено е на фантастичниот кањон Ел Тајо, пресечен на два дела, а 120 метри под земја тече реката Гуадалевин. Интересна е архитектурата со романтични и кривулести улици, бели куќи, палми… Местото цела година е цветна градина. Историјате се враќа во неколкуте музеи. Во 1918 година е осмислено андалузиското знаме, грб и химна. Се препознава и по вкусната храна.

Патот најчесто води кон катедралата и уредениот парк со фантастичен поглед на клисурата со длабочина од 100 метри и околниот предел. Андалузија и препопознатлива по коридата. Тука е најстарата Торос де Ронда, од каде почнала борбата со бикови. Благодарение на семејството на големиот тореадор Ромеро, сега е претворена во музеј. Низ тесните улички се откриваат други знаменитости, музеи… Стариот дел е обиколен со средновековни ѕидини а внатре се кренати прекрасни цркви и остатоци од исламската архитектура. Другиот дел е класичен, шпански, со широки улици и згради од 18 и 19 век.

Атракција е Новиот мост (Пуенте Нуево), што ги спојува стариот и новиот дел, разделени со кањонот. Мостот е величенствен. Се издига 120 метри, потпрен со дебели држачи прицврстени за карпите. Граден е 1793 година и плени со грандзиозноста. Подоцна бил оштетен и повторно реновиран. Покрај мостот туриститесе фотографираат, се воодушевуваат восхитуваат, остануваат без здив… За поубаво доживување, градски власти изградиле видиковци, за коинаплаќаат и собираат солидни приходи во општинската каса.
Убаво е до стариот мост, да се мине капијата, во чија околеина се бројни сувенирници за набавка на некој спомен што ќе потсетува на Ронда.
Текст и фото Каролина Мицевска