Тутунски комбинат
“Мината година Тутунскиот комбинат ја заврши со добивка од 180 милиони денари или речиси три милиони евра. Завршната сметка ја поднесовме во Центаралниот регистар и на Берзата од хартии од вредност. Тие се јавно достапни”.
Ова го изјави генералниот директор на Комбинатот Александар Алексовски.
Според него, добивката се должи на дивидендата што од заедничката фирма на Филип морис и Тутунски комбинат.
– Завршната сметка покажува дека имаме и оперативни слабости што значи дека имаме голем простор во 20025 и 2026 да оствариме и оперативна добивка со која би ја зацврстиле компанијата. Во моментов сме недоволно ефикасни. Има голем простор да ја унапредиме ефикасноста. Направивме ревидирање на сите сектори, направени се промени за неполни шест месеци со цел да бидеме поефикасни во работата, а со тоа да ги намалиме трошоците и да оствариме поголеми добивки во иднина. Таму каде имаше непродуктивни работници се пренаменети во други оддели. Со подобрување на ефиканоста ќе ја намалиме и оперативните пропусти – вели Алексовски.
Направиле и намалување на трошоците врз основа на анализата на пазарот, односно на фирми со кои соработувааат за користење на добра и услуги.
– Доста добавувачи ги променивме за поповолни. Во првото шестмесечие ќе се појави сликата со резултатите. Големи средства се одливаат за електричната енергија и метан, кои не може да се предвидат. За шест месеци детално ќе знаеме каков резултат даваат мерките за подбрување на ефикасноста – вели Алексовски.
Инаку, од преземените 1750 тони тутун преработена е една третина во Сокотаб во Битола, каде екипите од комбинатот го организираат и го следат процесот.
Дел од откупениот тутун постои можност да го продадат на друга фирма, освен на Филип Морис.