Една ноќ во животот на Кирил Розов
20 часот и 55
Ја отклучи вратата од женскиот павилјон во кого беа, како и во машкиот, т.н. “заштитени пациенти”. Тие требаа да бидат штитени од себе си, оти пристигнуваат во таква состојба, што требаше да бидат заштитени. Зашто не беа способни за самостоен живот во текот на психичката болест. Заштитата се состоеше во тоа што влезната врата беше секогаш заклучена и некој од персоналот на клиниката беше постојано присутен. Еден дежурен или дежурна бдееа ноќе. Оваа недела дежурен беше Кирил Розов, кого го викаа Киро. Не беше доктор, нити пак дипломиран болничар. Научил доста работи од книгите и од праксата. Бидејќи болничкиот персонал е слабо платен, а нема доста, Розов лесно ја добил работата.
– Добровечер, господине Розов – го поздрави болничарката, убавка калеша со убави нозе и очила за сонце.
– Добровечер, госпоѓице – í одговори, избегнувајќи да ги гледа нозете од младата болничарка која, кога тој влезе високо ги откри брзо и вешто. Што има ново? – праша.
Го извести за состојбата и набрзина го соблече белиот мантил.
– Бегам, имам состанок, добраноќ – му рече и си отиде.
Розов наѕре во салонот со телевизијата. Неколку пациентки седеа и ја гледаа програмата.
– Добровечер госпоѓи и госпоѓици – подвикна весело.
– Добровечер господине – му одговорија.
Ја отклучи вратата од кујната. Беше заклучена од страву некоја од пациентка да не земе нож и да го нападни персоналот или себе си.
На масата, на послужувалник од пластика, го чекаше неговата вечера.
Го приклучи малото остарено радио на транзистори, чиј сопственик не беше познат, и почна да јади.
22.00 ч.
“В кревет, госпоѓиѓ”!
Болните го напуштија салонот со телевизијата и секоја отиде во својата соба во приземјето и на првиот кат.
Болната госпоѓица С…, Розов по обичај ја заклучи. Болна беше од шизофренија. Ако не беше под клуч, одеше ноќе во собите од другите болни и ги будеше.
22.15 ч.
Тој ги почна посетите по собите. На секоја пациентка и даваше лек што таа требаше да го голтне пред него. Во меѓувреме ја прати госпоѓицата С… в клозет пред пак да ја заклучи во нејзината соба.
Г-ца, Китајка од Сингапур:
– Господине Розов, ми треба клистир.
Од аптеката на првиот кат донесе пластично кесенце со специјален раствор. Г-ца М… ги соблече гаќите и легна крлач. Розов го пресече врвот од цевчето долго 10-15 см и го пикна во ректумот од болната. Со стегање на кесенцето го инјектира растворот.
– Благодарам, господине Розов!
– Нема зошто, госпоѓице. Лека ноќ.
– Лека ноќ.
Г-ца Б… Чупе на 14 години. Родителите ја донесоа пред неколку дена. Симптоми í повлекување во себе. Не успева или одбива да контакт со средината, на училиште и дома. Докторот, шеф на клиниката, се спрема за мачната должност да ги извести родителите за тешката вистина. Дијагнозата засега е неизлечива шизофренија.
Прекрасно девојче, високо, танко, со долга коса. Диво и молчеливо. Како и на мнозинството болни мажи и жени, Розов и влеваше доверие и чувство на сигурност кога тој беше на ноќе дежурен. Со него чупето видливо чинеше напор да биде љубезно. Лековите ги прими без проблем.
Болната од следната соба го дочека како и обично сосема гола. Розов знаеше дека со неа не вреди човек да дискутира. Сосила ја седна на клозетот, ја избриша со влажна тоалетна кесичка и со сува крпа. И ја облече ноќната кошула, одзади отворена од тилот па додолу. За гаќи и друго ни збор не можеше да стани! Сосила ја легна во креветот. Во текот на овие операции болната не престана да зборува неразбирливо и без врска. Штом ги виде лековите, силно ја затвори устата. Розов и го затна носот. Немајќи воздух, таа ја отвори устата. И ги пикна пилулите во устата и, откога и тури една голтка вода, со рака и ја затна устата за да не ги плукни. После подолга борба и кркорење, ги голтна лековите.
(продолжува)