СОУ “Ѓорче Петров”
Се рушат стереотипите за текстилно кожарската струка. Таа станува се поатрактивна особено со модниот дизајн кој учениците на СОУ “Ѓорче Петров” го усовршуваат со образованието. Со изложба „Моден дизајн” од над 300 цртежи односно модни креации во училишниот хол, докажаа дека од идеја се создаваат модели.
– Се разбиваат стереотипите за текстилно кожарската струка каде учениците учат исклучиво само да работат на машини во конфекциите каде што е платата прилично ниска. Фактички ја поткренуваме на повико ниво токму оваа струка. Сакаме да предизвикаме интерес на деветтоодделенците да се запишат во текстилно кожарската струка. Затоа што токму од овие илустрации расте интересот за оваа струка, за она што претставува мода, дизајн, креација на облека – рече Жанета Видевска, директор на СОУ Ѓорче Петров.

Изложбата „Моден дизајн” – креативно патување низ модните визии на учениците од текстилната струка е под менторство на професорката Јулијана Поповска.
– Модната илустрација е првиот чекор во секоја креација – моментот кога идејата оживува на хартија. Таа претставува клучен дел во конструкциската подготовка за изработка на облека, давајќи насоки за форма, пропорции, крој и избор на материјали – вели Поповска
Настанот ја промовира креативноста и талентот на учениците, размена на идеи и за запознавање со модниот дизајн.