“Златното млеко” е пријатен и топол напиток, корисен за рбетот и коските. Воспоставува рбетно подмачкување и ги чисти наслагите од соли. Корисен е за формирање на крвни клетки и диференцијација на матичните клетки во коскената срцевина, за дебело црево и за нервниот систем. Пијалокот е магичен. Ја продолжува младоста, го балансира дигестивниот систем, благотворен е за црниот дроб, елиминира токсини, го подобрува тенот и влијае на долговечноста со забавување на стареењето. Ефикасно е против артритис и артроза, бидејќи расте еластичноста на зглобовите.
Се приготвува паста од 40-50 гр. куркума и 100-150 мл. вода. Се меша и се става да зоврие. Се готви 7-8 минути да згусне. Мешавината треба да личи на густ јогурт. Ако е густа, се разредува со вода. За тоа време се приготвува 250 мл. млеко, 2 лажици (40 мл.) нерафинирано бадемово масло и мед. Млекото врие и се додава бадемово масло. Се вади од огнот и се тура во чаша. Се додава лажичка од приготвената паста. Се засладува со мед. Пастата се приготвува во поголемо количество за подолг период. Замрзната ги задржува својствата до 40 дена. Се чува во фрижидер. Готовата паста се додава во топло млеко или чај по една лажичка, заедно со мед и растително масло по желба.
“Златното млеко” се пие по 40 дена, двапати годишно. Се препорачува конзумирање на празен стомак, наутро и пред спиење.
И науката и традиционалната медицина, високо го цени жолтиот куркумин. Лутиот вкус ги убива микроорганизмите и паразитите, го уништува вишокот слуз, масти, лепливи токсини, го поттикнува крвотокот и комплетно метаболизмот. Горчливиот вкус е добро средство против труење, треска, воспаление… Отстранува чиревите, сало, пот, гној, јадеж, го чисти мајчиното млеко, матката, црниот дроб.