Згасна Зибијата, порасна биснисот

Чевли, конфекција, алкохол излегуваат од некогашната фабрика за преработка на сурови крзна, позната под името Зибијата покрај долниот дел од Градската река.  Во објектот каде имало џамија која делумно  уште постои, се штавувале кожи и крзна на говеда, овци, кози, јагнињата, па и од свињи. Одамна е напуштена дејноста на објектот за која бил граден. Загубена е. Последните социјалистички остатоци сметаа дека просторот е соодветен за фабрика за чевли. И таа бранша ја изеде транзицијата.

Сепак објектот ги зачувал контурите на носечката архитектура и со корекциите сведочи на времињата што изминале. 

Loading