Ракомет
За викендов се натпреварите од четвртфиналната фаза, по групи, во Купот на Македонија во ракомет за мажи. Суперлигашот Прилеп е во групата 4, заедно со Тиквеш (Кавадарци) и Охрид, како и со прволигашот Аеродром (Скопје). В сабота Прилеп се среќава со Охрид, Тиквеш со Аеродром, а в недела е дуелот на победниците. Победникот на тој меч влегува меѓу четирите најдобри, на завршниот турнир од 15 до 18 мај.
Што се однесува до плејаутот од Супер лигата, Прилеп – Радовиш (26:28), а во средата Струга – Прилеп (25:30).
Во плејаутот од Женската лига синоќа прилепскат Деспина беше гостин на МРК Ѓорче Петров во Скопје, а викендов е домаќин на скопски Шампион.