Светски резултат на Ангелески

Стрелаштво

Стрелецот Мартин Ангелески постигна одличен резултат на последниот натпревар во Битола, Втор куп во спортско стрелаштво со воздушно оружје на 10 метри. Прилепчанецот со воздушна пушка погоди 630,5 круга, што е не само негов личен ами и државен рекорд. Високиот резултат е вреден за финале на кој било врвен меѓународен натпревар – Европско или Светско првенство. Претходниот државен, воедно и негов личен рекорд беше 628,3 круга. Високата форма дава надеж за достигнувања во рамките на олимпискиот циклус за Лос Анџелес 2028 година.

Ангелески сега е член на скопскиот клуб Стрелец, а потекнува од прилепскиот Херој Прилеп.

Loading