Совладана цврстата Саса

Фудбал: Победа

Еден гол беше доволен Победа да освои три вредни бода во дуелот со цврстата Саса, во 25. коло од Втората лига. Стрелец е Филип Димоски во 47. минута, по додавањето на Јасин Казимоски. Прилепскиот тим има прогрес на табелата од 13. кон 12. место. Тоа е многу важно за оддалечување од бараж-позицијата за 8 бода. Сега се реални очекувањата за успешна серија барем од 4 меча. По ремито во Новаци (0:0) и победата над Саса (1:0), в сабота е гостувањето кај последниот тим Вардарски во Богданци, потоа дома со Осогово. Со вложен максимум можен е пробив кон средината од табелата.

Табела: Македонија ЃП и Башкими 56, Арсими 54, Брегалница 51, Беласица 38, Детонит и Охрид 36, Скопје 34, Кожуф и Саса 32, Новаци 28, Победа и Вардар Н. 27, Осогово 19, Борец 13, Вардарски 11.

Loading