ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (286) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

На третиот велигденски ден во вторникот утрото уште да има посетители верници во црквата, камбаната тропна на чуден глас со мал застој помеѓу ударите од страна на црквениот притруп Јовчески Трајко. За кратко време разнесе глас низ селото да болната стара баба над 80 години Дамјаноска Дамјаница Ристана родена Митреска Петрева Декароска родена во с. Лопатица прилепско е умрена, прочуена бајачка и во околните села.

Утрото беше врнежливо со ситен дожд. Но, за кратко време врнењето престана, денот се расчисти, угреја и сонце. Аберџите за нејзината умирачка како во селото исто така соопштено и надвор до нејзините роднини до свештеникот Смилески Ванѓел од с. Добрушево и пазарџијата сите работи беа завршени навреме. Таа во куќата си беше поштована. Како од синовите, исто така од нејзините, внуките и внучињата кои живееа во заедница. А и од сите во селото. Некаде после пладнина поворката тргна со многу присутен народ за погребо на Ристана Дамјаница на чело со свештеникот Смилески Ванѓел од с. Добрушево. Сабајлешните верници кои намерава да одат в црква се одступија од посетата заради да бидат присутни на погребот на баба Ристана Дамјаноска.

За ручекот после погребот имаше товарено две магариња. Едно со лебот и разни печива на него. Водач на магарето беше Стојаноски Илија Котески Дамјаноски деленица со некоја година постар од Дамјаница.

Другото магаре го водеше братот на Илија Јошески, Божин Котески натоварено магарето со кујнски прибор кој во тоа време во црквата Котески Божин постар со шест години од Ристана Дамјаница.

Месарица – месарка и беше Цветаница Трајана Мурџеска. Носачи на мртовачкиот ковчег – сандак беа Јованоски Лазар Дамјаноски, нунко. Баба му Митра, мајка на татко му Тодор му е сестра на Дамјан, родени од иста мајка. Јошески Петре Котески Дамјаноски комшија и деленица. Стојаноски Ѓорѓија Котески Дамјаноски деленица. Стеваноски Живко му е внук од син на Гулабоски Огне кој и е прв брачед од две сестри на Ристана Декароска Дамјаноска со имина непознати родени кај Божиновци – Шмркловци во с. Бонче.

На погреб беше избрана свеќарката утро и вечер до шесте недели да оди и пали свеќа и со барде да и менува вода за таа работа и беше доверена на Стеваноска Дуна, мајка на Стеваноски Живко родена Јанкоска, деленица со Василовци, Дамјановци, Котевци и Мурџевци во Марул.

Носачи на котелот со чорбасто јадење беа Јошески Котески Киро и Танески Димко Дамјаноски, комшија прво другарче во детските години на синовите на Ристана Дамјаноска, другарче важи само за Димко, Киро е многу помлад од нив е Дамјаноска деленица.

Откако и беа направени сите посмртни обичаи, почасти на Ристана Дамјаница беше спуштена во вечниот дом со мртовачкиот ковчек во пределот на семејните гробишта од Дамјановци. Ручекот беше приготвен како задушница за старата баба Ристана Дамјаница. Со тоа завршија мртовачките почасти за бабата Ристана Дамјаница на третиот велигденски ден во 1959 година.

Останува вечито запамтена по тоа што првиот велигденски ден беше весел со веселба на средселото и женидбата на Јанкоски Трајче со Павлеска Верка. Додека третиот велигденски ден јадосен без веселба на средселото со умирачката на баба РистанаДамјаноска. Во тоа време во нашите селски населби продираше пијачката, разни сокови во стаклени шишиња, то беше видено и кај Јанковци и кај Дамјановци.

Продолжува    

Loading