На 29 април од 18.30 часот во црквата Св. Кирил и Методиј концерт ќе одржи хор од Полска, со кого Институтот за старословенска култура негува добра соработка .
– Со Полска имаме долгогодишно пријателство и соработка со наставно-научни работници од различни провиниенции. Во духот на заедничкото словенско потекло и, уште повеќе, црковнословенската писменост, годинава имаме чест да ни биде гостин еминентниот камерен хор од Познањ, Цхóр Камералнѕ Цаппелла Мусицае Антиљуае Ориенталис, кој изведува само православни партитури, во рамките на проектот посветен на културната рута на Св. Кирил и Методиј, одобрен од Министерство за култура и туризам – велат од Институтот за старословенска култура.
Хорот е камерен, основан во 1984 година. Обединува претставници од различни средини и генерации, специјализирани за изведба на православна црковна музика. Имал преку 550 концерти во Полска и во странство. Тој е шесткратен лауреат и двократен добитник на првата награда на Меѓународниот фестивал за православна црковна музика „Хајнувка”. Учествал во продукцијата на операта “Борис Годунов” од Мусоргски во големиот театар во Лоѓ.
Диригент ќе биде проф. д-р Леон Заборовски. Тој е иницијатор и уметнички директор на фестивалите “Денови на православната музика” и “Меѓународна средба со православната црковна музика”. Хорот е ориентиран исклучиво на православна музика.