Општинска лига
Се одиграа мечевите од 11. рунда на општинските лиги од ОФС Прилеп. Дербито беше во А-групата, Стрела Ерековци – Кадица Забрчани 1:2. Стрелци: Николче Марковски (Стрела) – Горан Базеркоски, Михаил Ѓорѓиоски (Кадица). Кадица има максимален број бодови, бидејќи од девет меч победи деветпати. Кадица има 27 бода, пред Млекар со 21. В недела Кадица игра дома со Прилеп сити.
Во Б-групата Кадино со 7:0 го совлада Боротино. На табелата Кадино и Гарван Десово имаат по 22 бода, под нив е Црвена ѕвезда Сенокос со 18. В недела играат: Динамо – Кадино, Боротино – Гарван и Ц. Ѕвезда – Пролетер..